
Канадскиот боксер Адoнис Стивенсон се разбуди од кома по три недели, откако на 1 јануари падна во рингот по борбата со Украинецот Олександар Гвоздјик.
Неговата девојка денес ја објавија веста дека Стивенсон ги разбудил очите по 20-тина дена индуцирана кома. Пред да загуби од Гвоздјик, Канаѓанецот девет пати ја бранеше титулата во средна категорија во БВЦ верзијата.
41-годишниот боксер сепак ќе остане в болница уште неколку недели, па во зависност од напредокот, ќе биде пуштен на домашно лекување.