• Сашо Поповски

Еден од најбогатите спортисти во светот, Флојд Мејведер најави дека е заинтересиран во можноста да купи НБА екипа, а тоа го сподели со своите фанови преку социјалните мрежи.
Американскиот боксер направи фотографија со Меџик Џонсон, кој е нов генерален менаџер на тимот на Лос Анџелес Лејкерс и напиша: „Добар состанок со Меџик Џонсон. Време е да купам НБА екипа. Доколку ја продавате екипата, ве молам контактирајте ме“.
Мејведер е познат како добар бизнисмен, а на сопствениците на НБА тимовите им останува да контактираат со поранешниот боксерски шампион.