• Мартин Танасковски

Македонскиот боксер Гого Славевски беше на прием во Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) со која раководи македонската спортска легенда Наумче Мојсовски.
Двајцата разговараа за успесите и за иднината на овој спорт. Славевски минатата година стана европски шампион откако ја освои европската титула во УБФ верзијата, во супер средна категорија до 76 килограми, откако го совлада Славиша Миодраг, носител на ГБО германската титула.
Македонецот повеќе години живее во Чикаго, а Мојсовски му честита за досегашните успеси и му посака уште многу победи како боксер, како и во BKFC борбите.