• Зоран Мишевски
Боксерот Давид де Пина влезе во златните книги на Зеленортските Острови како првиот спортист кој освоил олимписки медал во историјата на оваа земја. Де Пина го победи африканскиот шампион Патрик Чињемба од Замбија со 5-0 во четвртфиналето во мува категорија и се пласира во полуфиналето, што значи дека му е сигурен барем бронзен медал.
„Не можам да ги опишам моите емоции. Го направив ова за мојата земја. Ние сме мал остров и никогаш порано не сме освоиле медал", изјави Де Пина по борбата.
Иако голем фаворит беше африканскиот шампион од 2023 година и бронзен од Игрите на Комонвелтот во 2022 година, сепак, Де Пина одлично се бореше. Де Пина во полуфиналето ќе се соочи со златниот од 2016 година, Хасанбојев Дусматов од Узбекистан.
Островите на Кејп Верде се мала островска држава на истоимените острови во северниот дел на Атлантскиот Океан, на околу 600 километри од најзападниот дел на африканскиот брег. На Олимписките игри учествуваат од 1996 година.