Боксерот Арсим Етеми поразен на „Белградски победник 2019“

Македонскиот репрезентатвивец во категоријата до 75 килограми, Арсим Етеми загуби од Ван Дер Пакс од Холандија со прекин во втората рунда на 57. издание на „Белградски победник 2019“. 

Ова е трет пораз на нашите боксери на овој престижен турнир, на кој настапуваат над сто боксери од речиси 30 земји.

Последен наш претставник на турнирот е Џан Демиров во категоријата до 52 килограми против Иштван Шака од Унгарија.

Доколку Демиров забележи победа ќе обезбеди полуфинале на турнирот.