• Мартин Танасковски
Имане Келиф, боксерката од Алжир која е во центарот на вниманието на Летните Олимписки Игри (ЛОИ), се пласира во полуфиналето и освои бронзен медал за својата земја.
Келиф е девојка за која цел свет зборува последните денови. 25-годишната Алжирка беше на удар на критики затоа што беше претставена како маж, откако Италијанката Анџела Карини излезе од борбата по само два разменети удари.
Келиф има XY хромозоми и зголемено ниво на тестостерон, поради ова таа беше исфрлена од Меѓународната боксерска федерација (ИБА), но Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и дозволи да настапи во Париз.
Во последните денови, Келиф не зборуваше за медиумите и покрај тоа што беше во епицентарот на еден од големите скандали. Но, даде кратка изјава со која испрати порака до светот.
„Многу сум горда што ѝ донесов медал на мојата земја во Париз. Работев напорно за да успеам. Ова е победа за сите жени во светот. Јас сум жена", кратко изјави Келиф.
Алжир со пласманот во полуфиналето на Келиф го освои првиот олимписки медал. Во боксот се доделуваат две бронзени медали за полуфиналистите, како и сребро и злато за финалистите.