ВИДЕО: Боксерката Нгамба го донесе првиот медал за репрезентацијата на бегалците

Историски медал за репрезентацијата на бегалците на Олимписките игри во Париз. Боксерката Синди Нгамба обезбеди најмалку бронза на боксерските натпревари, откако успеа да влезе во полуфиналето.

Таа во четвртфиналето во категоријата до 75 килограми ја победи Французинката Давина Мишел. Синди Нгамба сега е сигурна дека во најлош случај ќе си замине од Париз со бронзен медал.

Бегалскиот тим постои од Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.