Боксерите на штипски Пинк Пантер ќе ја претставуваат Македонија во регионалната лига

БК Пинк пантер од Штип од март следната година ќе започне да се натпреварува во новоформираната регионална лига во бокс, заедно со Војводина, Лозница и Лазаревац од Србија, Славија и Радник од БиХ и Сесвете од Хрватска

Во првото коло Пинк пантер во Штип ќе ја пречека Војводина. Ќе се игра двокружен, по еден натпревар дома и во гости. Во првата година од ова натпреварување не е предвидено испаѓање на клубови со оглед на нивниот број, но во следните сезони, кога бројот на екипите ќе биде поголем, ќе има и промоција и испаѓање.

Оваа иницијатива е за поздравување и во еден од најбоксерските градови во нашата земја, Штип треба да го врати ентузијазмот и сјајот на благородната вештина.