• Зоран Мишевски

Боксерите на штипски Пинк Пантер ја прославија првата победа во Регионалната бокс лига, откако беа подобри од Славија од Бања Лука со 10-6. Мечот го одлучи победата на капитенот Димитар Ташков, кој супериорно го совлада противникот со технички нокаут.
Во вистинско светло се покажаа дебитантот Јасин Лама, Денис Муаремовски и Гоце Јанески.
Пинк Пантер – Славија 10-6
- 56 кг: Александар Ристовски – без противник 3-0
- 60 кг: Јасин Лама – Никола Ивановиќ 3-0
- 64 кг: Денис Муаремовски – Слободан Јекиќ 3-0 (ТКО, Р2)
- 69 кг: Дејан Ристевски – Јован Стјепановиќ 0-3
- 75 кг: Гоце Јанески – Един Сејдиновиќ 3-0
- 81 кг: Никола Арсов – Петар Мавковиќ 0-3
- 91 кг: Марко Доциќ – Зоран Радиќ 0-3
+91 кг: Димитар Ташков – Бранислав Даниловиќ 3-0 (ТКО, Р1)
Оваа победа е прва во новото регионално натпреварување за боксерите на Пинк Пантер.