• Зоран Мишевски
Македонските боксери ги добија противниците на Европското боксерско првенство за млади, кое се одржува во црногорскиот град Будва.
Во категоријата до 51 килограм Хади Шехаби е слободен во првото коло, до 63,5 кг Илхан Озмен се среќава со Фатјон Ручај од Албанија, а неговиот брат до 71 кг Ајхан Озмен ќе се бори со Дарио Томиќ од Србија, додека тешкашот Ардијан Аземи ќе ги одмери силите со Дмитро Баблиук од Украина.
Европско првенство
Прво коло:
51 кг. - Хади Шехаби слободен
63,5 кг. - Илхан Озмен – Фатјон Ручај (Албанија)
71 кг. - Ајхан Озмен – Дарио Томиќ (Србија)
+91 кг. - Ардијан Аземи – Дмитро Баблиук (Украина)