Боксери од тринаесет земји на Меморијалот во чест на Мирослав Петровиќ

В петок и в сабота поточно во Куманово ќе се одржи четвртиот по ред Меѓународен меморијален боксерски турнир Мирослав Петровиќ во чест на прославеното тренерско боксерско име.

Празник на боксот и ревија на најдобрите боксерски имиња од Европа каде ќе настапат боксери од Италија, Турција Австрија. Молдавија  Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија , Романија , Полска и секако Македонија.

В петок на програмата ќе бидат полуфиналните борби, додека во сабота е закажано финалето како и доделувањето на пехарите и медалите за најдобрите за оваа година.

Турнирот ќе се одржи во Спортската сала на Средното економско училиште „Перо Наков” во Куманово со почеток и старт на борбите од 15:00 часот.