Боксери од дваесет земји се пријавија за „Златниот гонг“ во мај

Една од традиционалните спортски манифестации кај нас ги дефинира деталите за овогодинешниот турнир. На 53. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ се пријавија боксери од дваесет земји.

Од Боксерската федерација на Македонија (БФМ) истакнаа дека само репрезентациите на Индија, Казахстан и Јапонија треба да обезбедат визи и да се комплетрираат учесниците.

Според пријавите, треба да очекуваме силна конкуренција на Златниот гонг кој оваа година ќе се одржи од 3 до 7 мај во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Четвртфиналните борби ќе се одржат на 4 мај, полуфиналните на 5 мај, додека финалето е на 6 мај.

„Златниот гонг“ сезонава е дел од календарот на Европската аматерска боксерска федерација (ЕУБЦ).