Боксер им покажа среден прст на судиите, па АИБА ги избрка сите „корумпирани“ судии во Рио

Ирскиот боксер Мајкл Конлан на судиите им го покажа средниот прст по поразот од Русинот Владимир Никитин, а светската боксерска федерација веднаш дома испрати неколкумина судии.

„Судиите донесоа неколку неочекувани одлуки. АИБА ги штити интересите на боксерите, но одлуките на суспeндираните судии нема да бидат сменети. Ни требаат докази за корупција, а не шпекулации. Ќе ги користиме сите средства, дури и правните мерки за да го заштитиме нашиот спорт“, преку соопштение се огласи АИБА.

Жестока казна го очекува и Конлан, кој ризикува подолг период без официјални борби во рингот.