Бокс мечот со титула Кан - Алварез на 7 мај во Лас Вегас

Британскиот боксер Амир Кан и боксерот од Мексико Сол Алварез на 7 мај оваа година ќе ги вкрстат ракавиците во Лас Вегас во меч за светска титула во ВБЦ верзијата.

Кан до сега боксуваше 34 пати и има 31 победа, а од нив 19 се издвојувани со нокаут. Алварез има уште поимпресивна статистика со 46 победи од 48 меча, а 32 од нив со нокаут. 

Претходно се очекуваше Кан да боксува со Кел Брук од Велика Британија во меч за ИБФ верзијата, но овој меч е одложен заради мечот со Алварез.