• Саше Љолес
Македонскиот кик-боксер Бобанчо Бобан Илиоски оствари уште еден голем успех и ќе се бори за златниот медал на Европското првенство кое се одржува во грчката престолнина, Атина.
Нашиот борец во полуфиналето го победи домашниот претставник Филис Христос и обезбеди најмалку сребро од континенталниот собир. Мечот заврши со прекин во првата рунда, по што стана јасно дека Македонецот повторно ќе се бори за најсјајното одличје.
Во големото финале Илиоски ќе се соочи со Полјакот Ерик Невеовски и ќе се обиде уште еднаш да донесе огромен успех за нашата земја.