• Зоран Мишевски
Нашиот репрезентативец Ардијан Аземи денес го доби бронзениот медал на Европското првенство за младинци во Будва, на церемонијата на доделување на медалите гостин на ЕУБЦ и на шампионатот беше претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски кој додели дел од признанијата на медалистите во категоријата 91 килограм.
За Македонија ова е прв медал во младинска конкуренција по 1995 година, последен пат до медал на континенталниот шампионат стигна Примислав Димовски кој исто така освои бронза на ЕП во Турција.
Аземи е голем талент и ако вака продолжи одличјата ќе се редат и во сениорска конкуренција.