• Зоран Мишевски

Боксерскиот клуб Универзалци од Скопје е нов државен првак во екипен бокс. Избраниците на ИБА тренерот Васко Цубалевски во последните две кола во силна конкуренција создадоа недостижна предност пред ривалите и се закитија со титулата.
Боите на БК Универзалци во тековната сезона ги бранеа капитенот на тимот, Илхан Озмен (актуелен државен првак во категоријата до 63,5 кг.), Ајхан Озмен (државен вицепрвак до 75кг.), Филип Ивановски (актуелен вицедржавен првак во категоријата до 67кг.), Никола Кисковски, Стефан Цингаровски, Адам Ал-Ниами, Харитон Николовски, Мартин Симоноски, Димитар Симоноски, Кристијан Трифуновски и Милан Митревски.
Шампионатот привлече голем интерес и огромна масовност од сите клубови од целата земја.