БК Пелистер се враќа во рингот, првиот боксерски спектакл во Битола!

По една години пауза боксот се враќа во битолските рингови. Утре спортската сала „Младост“ ќе ги вгости најдобрите боксери во Македонија, во рамките на првото коло на Првата и Младинската лига (ПМЛ) во бокс на нашата земја. 

Технички организатор на овој настан е БК Пелистер 2007, кој во своите редови успеа да ги врати своите најдобри боксери, кои ланската сезона настапуваа за Пинк Пантер од Штип во регионалната лига и имаа забележителни резултати.

Мерењето на натпреварувачите е закажано за утре од 9.30 до 10.00 часот, додека борбите ќе се одржат во спортската сала „Маладост“ со почеток во 15.00 часот. Натпреварите од Прва и Младинска лига во бокс на Македонија во 2018 година ќе се спроведат согласно пропозициите за бокс лига на Македонија и правилата за бокс на АИБА .

Лански шампион на Македонија во двете конкуренции беше БК Чаир од Скопје, а претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) Игор Златков најави нова неизвесна сезона, која сигурно ќе го подигне квалитетот на боксот во нашата земја.