• Сашо Поповски
Дмитри Бивол приреди изненадување и ја доби борбата со големиот шампион Канело Алварез.
Мексиканецот направи чекор напред во кариерата и се обиде да го освои шампионскиот појас во полутешка категорија. Сепак, Русинот беше преголем залак за него во спектакулатниот судир во Лас Вегас.
Рускиот шампион го задржа перфектниот скор и стигна до 20-0 во професионалната кариера. За Алварез ова беше втор пораз во кариерата, по оној пред девет години од Флојд Мејведер.