• Зоран Мишевски
Крајот на боксерската 2024 година ќе мине во знакот на голем боксерски спектакл во Битола.
В сабота и в недела во Битола ќе се одржи Државното првенство во бокс за сениори, младинци, јуниори и кадети во организација на БК Пелистерски јунак и Националната бокс федерација. Ова триесетто државно првенство по ред и возобнување на култниот „Битолски победник“.
Полуфиналните борби на програмата се во сабота, а во недела финалните се закажани во 16;00 часот.
Државното прввенство ќе се одржи во салата „Боро Чурлевски“, а се претпоставува дека салата ќе биде исполнета до последното место.