• Мартин Танасковски
Долгопосакуваната битка за Британија меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури е пред реализација, затоа што само детали недостасуваат за двајцата да договорат пресметка во рингот.
„ЕСПН“ пишува дека направен е голем чекор напред кон организација на овој настан и многу веројатно ќе ги гледаме двајцата ривали во рингот. Џошуа и Фјури ќе водат битка за титулата во тешка категорија.
Двајцата се сопственици на сите појаси. Џошуа има скор од 24 победи и еден сензационален пораз од Енди Руиз, додека Фјури е непоразен и на 31 натпревар има 30 победи и едно реми против Дионтеј Вајлдер.