Белград ќе биде домаќин на Светското првенство во бокс во 2021 година

Главниот град на Србија, Белград доби големо признание и уште една светска манифестација на која ќе биде домаќин. Следното сениорско првенство во бокс ќе се одржи токму во Србија во 2021 година.

На вчерашниот вонреднен состанок на Извршниот одбор на АИБА во Будимпешта, Белград доби „зелено светло“ да ги собере најдобрите аматерски боксери во светот следната година.

Во септември минатата година, рускиот Екатеринбург беше домаќин на последното Светско првенство во бокс.

Белград веќе еднаш беше домаќин на Светско првенство во бокс, откако ги вдоми најдобрите светски боксери во 1978 година.