• Зоран Мишевски

Две години по Светското првенство во бокс, главниот град на Србија доби уште едно големо натпреварување во светот на благородната вештина.
Европското првенство во бокс во машка и женска конкуренција во 2024 година ќе се одржи во Белград, одлучи Европската боксерска конфедерација (ЕУБЦ). Најдобрите европски боксери и боксерки ќе се натпреваруваат во белградската „Штарк Арена“ во февруари 2024.
Ова е второ големо боксерско натпреварување во изминатите неколку години што ќе се одржи во Белград. Главниот град на Србија во 2021 година беше домаќин на Светското боксерско првенство.