• Мартин Танасковски

Во Белград се одржа состанок на претседателите на Боксерските федерации од регионот, Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Словенија и се формира регионална лига во сениорска конкуренција за враќање на боксот на старите добри славни патеки во поранешна Југославија.
Претседателот на боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски заедно со остантите претставници од другите федерации, на иницијатива на претседателот на БФ на Србија, Ненад Боровчанин, остварија средба со Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Првиот човек на Србија даде силна поддршка во формирањето на регионалната лига во бокс, ги поздрави учесниците на состанокот, им посака успешна организација и посочи дека боксот се враќа на голема врата во регионот.
На состанокот на сите претседатели од регионот присуствуваше и новиот прв претседател на АИБА, Умар Кремлев од Русија, кој исто така даде поддршка во формирање на лигата.