Бакнеж од 600 илјади долари: Новинарката ќе добие вистинско богатство од Пулев

Пулев бакнеж

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев заработи тужба од страна на Џени Суше, која го пријави поради „сексуално вознемирување“.

По победата над Богдан Дину од Романија, Бугаринот јавно ја бакна американската репортерка, која ситуацијата ја прифати со насмевка, но потоа во соработка со адвокат подготви тужба.

Се споменува сума од 600.000 долари кои би биле надомест за траумите кои Суши наводно ги добила од бакнежот. Половина од нив би завршиле на нејзина сметка, а другата половина ќе ја добие нејзиниот јавен претставник.

Пулев заработи само 250.000 долари за мечот против Дину што значи дека ќе мора да плати двојно за неговиот непромислен потег.