ВИДЕО: Аземи загуби во полуфиналето и со бронза се враќа од ЕП во Будва

Ардијан Аземи е носител на бронзен медал на Европското првенство во бокс за јуниори (17 и 18 години) во Будва. Нашиот боксер денес загуби од Русинот Владислав Комаров и пропушти можност да влезе во финалната борба и да се бори за златниот медал. 

Аземи храбро се бореше, иако Русинот ја користеше висината и подолгите раце. Нијанси го одлучуваа победникот, а судиите пресудија на страната на Комаров. 

Ова е историски медал, бидејќи Македонија последен пат на Европските првенства освои медал пред 25 години, кога Примислав Димовски беше на пиедесталот на Европското првенство во Турција.

На шампионатот настапија 175 боксери (113 мажи и 62 жени) од 22 земји.