ВИДЕО: Аземи со победа стартуваше на ЕП во бокс во Будва

Македонскиот младински репрезентативец во бокс, Ардијан Аземи, со победа ги започна настапите на Европското првенство во Будва. Аземи во категоријата 91 килограм со едногласна одлука на судиите го победи Јакуб Стражевски од Полска, следен противник на нашиот боксер е Хрватот Гацина Дује.

На Европското првенство во Будва, Македонија уште двајца претставници, браќата Илхан и Ајхан Озмен. Во категоријата 64 килограми, Илхан Озмен во второто коло ќе ги вкрсти ракавиците со подобриот од мечот меѓу Романецот Висентиу и Ерменецот Галустјан.

Ајхан Озмен во категоријата 75 килограми, за противник го доби Сантијаго Селимај од Албанија, оваа борба е на програмата во недела.