Аземи поразен по чудните судиски одлуки на турнирот „Емил Жечев“

Македонскиот боксер Ардијан Аземи загуби во финалето на Меѓународниот боксерскии турнир „Емил Жечев“ во Софија, со поделена судиска одлука од домашниот боксер Георги Стоев во категоријата до 91 килограм.

Двајцата боксери имаа свои моменти, но одлуката на судиите не ги задоволи челниците на нашата федерација. 

„Ардијан цело време беше подобар од Бугаринот. Да се одржеше оваа борба на било кое друго место, освен во Бугарија, ќе му припаднеше на Ардијан. За жал, бугарските судии не беа праведни во судењето“, рече тренерот Насер Харуни.

Радува одличната форма на Аземи пред следните настапи на Европскиот младински шампионат.