Аземи по бронзата на ЕП: Сакам да го повторам успехот и на светска сцена

Нашиот младински бокс репрезентативец кој донесе брознен медал од Европското првенство во Будва, Ардијан Аземи, е оптимист дека овој историски успех може да го повтори и подобри на следното светско првенство.

Боксерот е задоволен до резултатот во Будва и освоениот бронзен медал, а истовремено најави дека ќе продолжи да работи посветено за нов успех.

„Ѝ благодарам на федерацијата што ми овозможи да учествувам на Европското првенство, направив се да забележам успех, се надевам дека ќе бидам уште подобар во иднина и следната година особено на светското првенство каде сакам најмалку да го повторам успехот од Будва“ – изјави Аземи на денешната прес конференција. 

За Македонија ова е прв медал во младинска конкуренција по 1995 година, последен пат до медал на континенталниот шампионат стигна Примислав Димовски кој  исто така освои бронза на ЕП во Турција.