• Сашо Поповски

Македонскиот боксер Ардијан Аземи оствари голем успех на турнирот „Златна ракавица“ во Белград. Тој го освои златниот медал, победувајќи го српскиот натпреварувач Огњен Татарски.
На патот до финалето победникот на турнирот победи боксери од Босна и Херцеговина и Србија.
Аземи посакува голем успех и на Светското првенство, кое во април ќе се одржи во Киелце. Пред настапот на Мундијалот, тој ќе биде дел од силниот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија.