ВИДЕО: Аземи обезбеди најмалку бронза на ЕП за младинци во бокс

Нашиот боксерски репрезентативец Ардијан Аземи обезбеди најмалку бронзен медал на младинското Европско првенство во Будва, по победата против хрватскиот боксер Гачина.

Аземи во четвртфиналето го победи Дује Гачина од Хрватска со едногласна одлука на судиите, ова е историски резултат за македонскиот бокс во младинска конкуренција.

Ако победи во утрешното полуфинале, македонскиот боксер ќе се бори за златниот медал.