Аземи единствен македонски боксер на ЕП за кадети во Галати

Адријан Аземи ќе ја претставува нашата земја на Европското првенство во бокс за кадети во Галати, Романија. Шампионатот ќе започне денес и ќе трае до 2 јуни, Аземи ќе биде пријавен  во категоријата до +81 килограм.

Овој наш боксер ја темпира формата за оваа голема приредба и блесна на меѓународниот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија каде освои златен медал. Противникот на Аземи ќе биде познат попладнево по официјалните мерења и ждрепката.

Во македонската делегација на репрезентацијата се наоѓаат и тренерите, Петре Чулриновски, Насер Харуни и Васко Цубалевски.