Автомобил ја усмрти боксерската легенда Пернел Витакер

Благородната вештина загуби еден од неговите најголеми шампиони. Пернел Витакер, олимписки првак и поранешен светски шампион во три категории, убиен е во недела навечер, откако е удрен од возило додека поминувал на раскрсница.

Професионалната кариера ја заврши со 40 победи, од кои 17 со нокаут, четири нерешени борби и само еден пораз.

55-годишноот Витакер важеше за еден од најдобрите дефанзивни боксери на сите времиња. Влезе во „Куќата на славните на боксот“ во 2006 година, а потоа неколку години беше тренер на боксери како Заб Јудах, Калвин Брок и Хоел Хулио.