Армеј Џоџај од Косово е победник на „Златниот гонг“

Бокс-Златен-гонг

Армеј Џоџај од Косово го освои престижниот пехар на традицоналната меѓународна боксерска манифестација – „Златен Гонг“ која по дводневни борби заврши денеска во малата сала во СЦ Борис Трајковски во Скопје. Тој во финалниот меч во категоријата до 91 килограм успеа да го победи Дејвис Коди од Велс и според проценките на соодветните лица, сосема заслужено го освои вредното признание. 

Од нашите претставници најсилен впечаток остави, Идриз Бислими, кој во финалниот меч во категоријата до 52 килограма славеше на поени против Хиланд Блан од Англија и со тоа автоматски успеа да го добие признанието за најдобар македонски боксер на 45 издание на Златниот Гонг.