ФОТО: Аргентинецот Маидана се пофали со заб на Мејведер од нивната втора борба

Мејведер

Маркос Маидана откри дека уште го чува забот кој успеа да му го „украде“ на Флојд Мејведер при нивната втора борба.

Аргентинецот загуби во двата борби со непоразениот шампион од САД, губејќи на поени. Еден брутален удар го остави Мејведер без заб, кој моментално аргентинскиот боксер го користи за потсетување на големиот спектакл во Лас Вегас.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Marcos "chino" Maidana (@chinomaidana.1) on

Мејведер од секогаш демантираше дека загубил заб во второто соочување со Маидана, па тоа отвори дилема меѓу фановите.

Во последните неколку месеци започнаа шпекулации за потенцијална трета борба меѓу овие двајца боксери.