• Иван Димовски
Младиот македонски боксер Ардијан Рустемовски освои сребрен медал во младинска категорија на Балканското првенство во Лозница.
Рустемовски боксуваше за злато, меѓутоа го загуби финалето од Максим Зименко со прекин во третата рунда. По покрај поразот, тој се закити со медал со сребрен сјај.
Македонија има уште два сигурни медали од Лозница, бидејќи во своите категории во сениорска конкуренција во финале ќе боксуваат Ален и Ружди Рустемовски.
Финалињата во конкуренција до 57 и 60 килограми се на програмата денес.