Ардијан Аземи загуби од Михаел Торстен Доблер на Европското првенство во Галати

Македонскиот претставник, Ардијан Аземи, загуби во првото коло на Европското првенство во Галати во категоријата +80 килограми од Германецот  Миахел Торстен Доблер. 

Аземи боксуваше мотивирано и со голема желба за победа но не успеа да пласира прецизни удари што боксерот од Германија го искористи и забележа победа со 5-0. 

За Аземи ова беше големо искуство на кадетското Европско првенство во Галати, Романија, со ова заврши настапот на нашиот боксер на континеталниот собир.