Ардијан Аземи победи на турнирот „Петровград Куп“

Македонскиот боксер Ардијан Аземи го освои првото место на Меѓународниот турнир „Петровград Куп“ во српскиот град Зрењанин.

Во категоријата до 70 килограми, во полуфиналето нашиот боксер го победи Михаело Милиќ од Србија, а во финалето беше подобар од уште еден домашен боксер, Гардијан Наранџиќ.

Со освојувањето на овој турнир, нашиот боксер уште еднаш го потврди својот напредок и следната година очекува нови меѓународни успеси.