• Зоран Мишевски
Македонскиот репрезентативец во бокс и член на Шкупи, Ардијан Аземи го освои трофејот на Меѓународниот турнур „Лах Нимани“ во Приштина (Косово).
Аземи во категоријата до 91 килограм го победи шампионот на Албанија, Клодијан Дуро со прекин во трета рунда. Македонскиот боксер беше прогласен за најдобар боксер и го освои трофејот „Лах Нумани 2020“.
На турнирот настапи и Миле Петковски, член на Шкендија но лимит од Тетово, но загуби со прекин од Сантијаго Селимај од Албанија.