Ардијан Аземи освои златен  медал на меѓународниот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија

Македонскиот кадетски репрезентативец во бокс Ардијан Аземи освои златен медал во категоријата 80+ на меѓународниот турнир „Емил Жечев“ во Ботевград, Бугарија.

Аземи во финалето беше супериорен против Диар Роман од Казахстан и убедливо славеше победа. За македонскиот бокс ова е голем импулс во создавање на нови врвни боксери кои ќе не претставуваат на меѓународен план.

Следува кадетското и јуниорско Европско првенство ќе се одржи во Романија, каде Македонија ќе има свои претставници.