Ардијан Аземи обезбеди полуфинале и медал на меѓународниот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија

Македонскиот кадетски боксерски репрезентативец Ардијан Аземи го победи Мартин Бебов од Бугарија во категоријата +80 килограми со што обезбеди полуфинале на силниот меѓународен турнир „Емил Жечев“ во Ботевград. Со пласманот во полуфиналето Аземи обезбеди бронза на овој турнир.

Во борбата за финале, Аземи ќе се сретне со боксерот од Казахстан, Меирам Болашак в четврток.

Рузгар Асановски во категоријата до 54 кг загуби на поени од индискиот боксер, Мејтеи Санџарамбам. Ахмет Јашаров во полуфиналето во категоријата 48 килограми загуби од Коста Ромеа од Велс. Јашаров беше поразен со прекин во првата рунда по две прегласувања од страна на судијата во рингот.  И покрај поразот, Јашаров освои бронзен медал на турнирот.