Ардијан Аземи ќе боксува за златен медал на меѓународниот турнир „Емил Жечев“

Македонскиот кадетски репрезентативец во бокс, Ардијан Аземи во категоријата 80+ килоиграми, обезбеди финале и ќе боксува за златен медал на силниот меѓународен турнир „Емил Жечев“ во Ботевград, кој е традуионален и се одржува по четврти пат. 

Аземи во полуфиналето го победи Меирам Болашак од Казахстан и во финалето  за златниот медал ќе се сретне со уште еден боксер од Казахстан, Роман Диари. Аземи беше офанзивен во борбата со Болашак и сосема заслужено запиша победа.  

Борбата за златниот медал според најавата на организаторите на турнирот е закажана за в петок.