Ардијан Аземи дебитира на ЕП против Германецот Доблер

Македонскиот претставник на Европското првенство во во бокс во Галати, Романија, Ардијан Аземи, денес ќе настапи на континенталниот собир во категоријата +80 килограми Противник на Аземи е германскиот боксер Михаел Тортстен Доблер. Борбата меѓу Аземи и Доблер на програмата е во попладневните часови.

Ардијан Аземи во пресрет на настапот во Галати  изјави : 

„Оптимист сум пред борбата со Доблер, добро сум подготвен  и мотивиран за овој настап во Галати, се надевам на добар резултат“.

Евентуален противник во второто коло на Аземи ќе биде подобриот од  мечот меѓу Романецот Кевин Бурка и Енрико Итаума од  Англија.

На Европското првенство во Романија учествуваат околу 300 боксери од речиси 40 земји.