Арабел Рустемовски запрен на пат кон финалето, се враќа со бронза од ЕП!

Младиот македонски боксер Арабел Рустемовски не успеа да отиде чекор понапред на Европското У17 првенство и беше запрен во полуфиналето, но сепак, освои бронзен медал и испиша голем успех за него и за нашата држава. 

Рустемовски се претстави во одлично светло на шампионатот во Будва, стигна и до полуфиналето, но беше поразен од Британецот Чарли Кит со резултат 4-1. 

Во секој случај, за нашиот голем талент ова уште една потврда за неговата плодотворна работа, која очекуваме да продолжи со уште посилно темпо и во иднина да се искачи уште некое скалило на најголемата интернационална сцена.