• Зоран Мишевски
Битола подготвена го пречекува Државното првенство во бокс, а домашната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ и македонската јавност ќе ги видат најдобрите боксери од цела Македонија во сите возрасни и тежински категории.
Во името на федерацијата, новиот претседател Кристијан Андреевски, им се заблагодари на битолчани и ги повика да ја наполнат спортската сала „Боро Чурлевски“.
„Домаќините, Битола, БК Пелистерски јунак, градоначалникот Тони Коњановски го прифатија предизвикот и се надеваме дека и битолската публика ќе ужива во овој боксерски хепенинг. Ова е почеток на една голема традиција како „Битолски победник“.
Како претседател на федерацијата, уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите учесници во организацијата на големиот настан, на боксерите и тренерите да им посакам среќа во борбите. Публиката ја повикувам да дојде и ужива и да ги поздрави сите натпреварувачи и официјални лица. Битола го сака боксот“, изјави првиот човек на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски.
Влезот за двата натпреварувачки дена ќе биде слободен.