• Зоран Мишевски

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски изрази поддршка за еден од нашите најталентирани боксери, Ален Рустемовски. Битолчанецот е 18-годишен млад надежен, перспективен боксер кој многу ветува.
Заедно со тимот, тренерот Јове Петровски и Боксерската Федерација на чело со претседателот Примислав Димовски и потпретседателот Фатон Салиху, Ален беше на работен состанок во Агенцијата за млади и спорт. Мојсовски го охрабри и му даде поддршка од секаков тип во понатамошниот развој.
Ален е на добар пат да освојува високи награди и достојно да ја претставува Македонија. Импресивна е досегашната работа на Ален. На Регионалната лига овој млад боксер имал само еден пораз во две сезони.
Следни за нижење победи се престижниот турнир Београдски Победник, Балканското и Европското Првенство. Рустемовски е повеќекратен државен првак на Македонија, прогласен е за најдобар македонски боксер на Меѓународниот Турнир „Алексо Огненовски“, освои златен медал на Меѓународниот турнир „Лах Нимани“ во Косово, златен Медал на Меѓународниот турнир „Арена Куп“ во Македонија, сребрен Медал на Меѓународниот турнир „Златен гонг“ и Меѓународниот турнир „Златна ракавица“ во Србија.