Амир Кан: Јас сум подготвен да се борам со секој кој што ќе го посака тоа

Поранешниот светски шампион во бокс, 28-годишниот Британец Амир Кан, изјави дека се обновени преговорите за меч со Филипинецот, Мани Пакијао.

„Преговорите се одвиваат многу добро. Претставниците на Пакијао преговараат со мојот тим. Јас сум подготвен да се борам со секој кој што ќе го посака тоа. Ако тоа е Мани добро, ако не е тој, ќе биде некој друг. Во моментов сме во позиција во чекање“. 

Инаку и претходно тимот на Кан имаше обид за да договори средба со  Филипинецот, но преговорите завршија неуспешно. Дали овој пат ќе се договорат, останува да видиме. Британецот Кан има 34 професионални борби на кои забележал 31 победа, од кои 19 му биле со нокаут. Исто така е и носител на сребрен медал од Олимписките игри во 2004 година.