Американски боксер почина по четири дена од својата последна борба

Американскиот боксер Патрик Деј почина по четири дена од својата последна борба, откако доживеа тешки повреди на главата по дуелот во сонародникот Чарлс Конвел. 

Конвел во десетта рунда го нокаутира Деј, кој веднаш паднал во безсознание и бил пренесен в болница. За жал и покрај напорите на докторите, американскиот боксер почина вчера во друштво на своето семејство, пријателите и членовите на боксерскоиот тим.

„Беше син, брат и пријател на многумина. Неговата љубезност и позитивност секогаш ќе ги паметите сите ние кои добро го познававме“, истакна Луи Де Бела, промоторот на кобната борба. 

Деј е третиот боксер кој почина од повреди здобиени во борба оваа година. Претходно истата судбина ја доживеаја Максим Дадашаев од Русија и Хуго Сантилан од Аргентина.