• Зоран Мишевски
Алжирската боксерка Имане Келиф е нова олимписка шампионка, откако во финалето вокатаецот Јанјаем Суванафенг, актуелен светски вицешампион, и Чен Ниен-чин од Тајван.
Келиф и Тајванката Лин Ју-Тинг се две боксерки кои добија забрана за учество на минатогодишното Светско првенство, откако ДНК тестовите покажаа присуство на машки XY хромозом. Тие беа суспендирани од Меѓународната боксерска федерација (ИБА), но им беше дадена дозвола да се натпреваруваат во Париз, бидејќи боксерската програма ја води Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) по суспензијата во 2023 година од страна на ИБА поради менаџерски и финансиски прашања. ИОК ги оспори методите што ги користи ИБА, потврдувајќи ја исправноста на нејзините регулативи.
„Имаме две боксери кои се родени како жени, израснати како жени, кои имаат пасоши како жени и кои се натпреваруваат како жени со години и ова е јасната дефиниција за жена“, рече претседателот на ИОК, Томас Бах на прес-конференцијата пред неколку дена.
Инаку, шанса за злато в сабота ќе има и Лин Ју-Тинг, а во финалето од категоријата до 57 килограми ја чека Полјачката Јулија Серемета.