Ален Рустемовски загуби во финалето, со сребро се враќа од Европското првенство во бокс!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски оствари голем успех и се враќа со освоен сребрен медал од Европското првенство во Ерменија. Во финалето во категоријата до 57 килограми, нашиот Рустемовски загуби од рускиот боксер Аветиан Иури, но остави одличен впечаток и повеќе од достојно ја претстави нашата држава. 

Овој медал претставува само уште еден стимул за македонскиот боксер, кој има амбиции следната година да настапи и на Светското првенство, кое ќе се одржи во соседна Бугарија. 

Ален Рустемовски и натаму продолжува да импресионира со своите одлични настапи. Неговиот брат Адријан од Ереван се враќа со бронза, така што, семејството Рустемовски во Битола ќе донесе два европски медали.